To say that I was compelled by Parasite from start to finish is an understatement; its filming style with tracking shots are enthralling. Having watched several Korean films during the London Korean Film Festival, I was familiar with the usual genres employed in such films but Parasite seemed to defy them all! Parasite is comedic, in a quirky way, it is also a thriller, straddles class divisions and also depicts a family tale amongst other genres and is therefore likely to appeal to all ages.
Parasite truly deserves to be watched in a cinema to appreciate its nuances and the stylish cinematography. As a summary, to avoid spoilers, Parasite tells the tale of the interaction between the Park family and the Kim’s, an unemployed family, whose contrasting worlds collide with long lasting consequences.
[...]Bong Joon-Ho manages to pique the audience’s interest with brightly lit shots coupled with the effective use of indoor space, and it is surprising to realise, after the film’s 2 hour 12 minute length, that most of the scenes occur within the Park family’s home. The mundane elements of domesticity are displayed with an intriguing perspective showcasing Bong Joon-Ho’s flair. It is a slow burner but you will revel in its beauty and ingenuity as Parasite convinces that it operates solely on one level but it is in fact multi-layered and depicts social realism with empathy and pathos.
The cast are beguiling to watch, every facial movement and action is accentuated, even the mere act of walking up or down stairs can convey hidden meaning, which the camera fragments. Levels of unease are also created by virtue of that effective use of space with unusual camera angles and dramatic weather conditions ratcheting up that sensation. There is a surreal nature to Parasite, which its score emphasises, and furthermore the film adopts elements of the absurd devised in such an ingenious way which is truly cinematic magic. Parasite’s apparent eeriness will certainly keep you riveted and would not feel alien to the Twilight Zone school of filmmaking.
The actors are very impressive and add breadth to their roles creating relatability whilst seeming effortlessly cool. When Ki-Woo and Ki-Jeong Kim were working within the Park family home as private tutors they certainly epitomised this level of nonchalant, understated authority creating an aura of mysticism with the unspoken, almost mythical, tutoring techniques employed. Quite simply, the actors Park So-Dam and Choi Woo-Sik, as Ki-Woo and Ki-Jeong, are compelling to watch in the different directions that Parasite follows and they carry these performances seamlessly thereby inviting the audience to be on their side.
[...]Parasite is a remarkable piece of extremely skilful filmmaking, it is simply a must see film, and so I am looking forward to re-watching the film on its UK general release date. | Малку е да се каже дека од почетокот до крајот на „Паразит“ буквално не се одлепив од екранот; неговиот стил на снимање кадри со помош на подвижна платформа е просто фасцинантен. Откако изгледав неколку корејски филмови за време на истоимениот Лондонскиот фестивал, стекнав прилично јасна претстава за нивните типични жанровски обележја, но сите тие филмови можат вода да му носат на „Паразит“! „Паразит“ е откачена комедија, но и трилер, жанровски се бави со класната нееднаквост, но раскажува и семејна приказна, па затоа веројатно ќе им се допадне на гледачите од сите возрасти.
Ако сакате да ги препознаете сите негови нијанси и софистицираната кинематографија, „Паразит“ заслужува да го гледате во кино. Без спојлери, еве ја кратката содржина: „Паразит“ е приказната за интеракцијата помеѓу семејството Парк и невработеното семејство Ким, чии дијаметрално различни светови се судираат со трајни последици.
[...]Бонг Џун-Хо успева да го предизвика интересот на публиката со силно осветлени кадри во комбинација со ефектното користење на внатрешниот простор, па ќе се изненадите кога по 2 часа и 12 минути, колку што трае филмот, ќе сфатите дека повеќето сцени се случуваат во домот на семејството Парк. Баналното секојдневие на семејниот живот е доловено од интригантна перспектива карактеристична за оригиналната проникливост на Бонг Џун-Хо. Дејствието почнува бавно, но како што тече филмот, сè повеќе ќе уживате во неговата убавина и генијалност затоа што „Паразит“ навидум се одвива на само едно ниво, а всушност е повеќеслоен и го прикажува социјалниот реализам со емпатија и доза на патетична сентименталност.
Актерската екипа е мерак за гледање, секоја промена на израз на лицето и секое дејство се акцентирани, дури и самото одење нагоре-надолу по скалите може да носи во себе скриено значење кое камерата го фрагментира. Нивоата на немир се постигнати и со помош на гореспомнатото ефектно користење на просторот преку необичните агли на снимање и драматичните временски услови кои го засилуваат мачното чувство. „Паразит“ има надреален шмек, кој е нагласен со неговата звучна подлога, а дополнително филмот користи и елементи на апсурдот осмислени на толку генијален начин што претставува вистинска кинематографска чудесија. Морничавоста присутна во „Паразит“ сигурно ќе ве држи на штрек и ќе ве потсети на филмската школа на „Зоната на самракот“.
Актерите се многу впечатливи и на своите улоги додаваат широчина што ви дава простор да се соживеете со нивната ненаметлива автентичност и самоувереност. Кога Ки-ву и Ки-џунг Ким работат како приватни учители во домот на семејството Парк, тие секако го олицетворуваат ова ниво на ноншалантен, дискретен авторитет создавајќи аура на мистицизам преку примената на индиректни, речиси митски техники на подучување. Актерите Парк Со-дам и Чои Ву-шик, како Ки-ву и Ки-џунг, едноставно ве понесуваат да ги следите во разните насоки на „Паразит“ и тоа го прават толку беспрекорно, што ве придобиваат да бидете на нивна страна.
[...]„Паразит“ е извонреден пример за мајсторски направен филм, филм што едноставно мора да се види, па затоа однапред се радувам што повторно ќе го гледам кога ќе почне неговото општо прикажување во Обединетото Кралство. |