ProZ.com translation contests »
32nd Translation Contest: "Movie night" » English to Macedonian » Entry #37157


Source text in English

Translation #37157

To say that I was compelled by Parasite from start to finish is an understatement; its filming style with tracking shots are enthralling. Having watched several Korean films during the London Korean Film Festival, I was familiar with the usual genres employed in such films but Parasite seemed to defy them all! Parasite is comedic, in a quirky way, it is also a thriller, straddles class divisions and also depicts a family tale amongst other genres and is therefore likely to appeal to all ages.

Parasite truly deserves to be watched in a cinema to appreciate its nuances and the stylish cinematography. As a summary, to avoid spoilers, Parasite tells the tale of the interaction between the Park family and the Kim’s, an unemployed family, whose contrasting worlds collide with long lasting consequences.

[...]Bong Joon-Ho manages to pique the audience’s interest with brightly lit shots coupled with the effective use of indoor space, and it is surprising to realise, after the film’s 2 hour 12 minute length, that most of the scenes occur within the Park family’s home. The mundane elements of domesticity are displayed with an intriguing perspective showcasing Bong Joon-Ho’s flair. It is a slow burner but you will revel in its beauty and ingenuity as Parasite convinces that it operates solely on one level but it is in fact multi-layered and depicts social realism with empathy and pathos.

The cast are beguiling to watch, every facial movement and action is accentuated, even the mere act of walking up or down stairs can convey hidden meaning, which the camera fragments. Levels of unease are also created by virtue of that effective use of space with unusual camera angles and dramatic weather conditions ratcheting up that sensation. There is a surreal nature to Parasite, which its score emphasises, and furthermore the film adopts elements of the absurd devised in such an ingenious way which is truly cinematic magic. Parasite’s apparent eeriness will certainly keep you riveted and would not feel alien to the Twilight Zone school of filmmaking.

The actors are very impressive and add breadth to their roles creating relatability whilst seeming effortlessly cool. When Ki-Woo and Ki-Jeong Kim were working within the Park family home as private tutors they certainly epitomised this level of nonchalant, understated authority creating an aura of mysticism with the unspoken, almost mythical, tutoring techniques employed. Quite simply, the actors Park So-Dam and Choi Woo-Sik, as Ki-Woo and Ki-Jeong, are compelling to watch in the different directions that Parasite follows and they carry these performances seamlessly thereby inviting the audience to be on their side.

[...]Parasite is a remarkable piece of extremely skilful filmmaking, it is simply a must see film, and so I am looking forward to re-watching the film on its UK general release date.
Ако кажам дека дека бев воодушевен од „Паразит“ од почеток до крај, ќе излажам; стилот на снимање со следење е фасцинантен. Откако гледав неколку корејски филмови за време на Корејскиот филмски фестивал во Лондон, бев запознаен со вообичаените жанрови што се користат во такви филмови, но се чинеше дека „Паразит“ им пркоси на сите! „Паразит“ е комедија на некој ексцентричен начин, исто и трилер, ги опфаќа класните поделби, а меѓу другите жанрови отсликува семејна приказна и затоа е филм за секое годиште.

„Паразит“ навистина заслужува да се гледа во кино за да ги цениме неговите нијанси и стилската кинематографија. Да резимираме, за да се избегнат спојлери, „Паразит“ ги раскажува интеракциите на семејството Парк со Ким, невработеното семејство, чиишто спротивставени светови се судруваат со долгорочни последици.

[...]Бонг Џун-Хо успева да го привлече интересот на публиката со силно осветлени кадри заедно со ефективно користење на внатрешниот простор, а изненадувачки е тоа дека по целиот филм од 2 часа и 12 минути може да се забележи како повеќето сцени се одвиваат дома кај семејството Парк. Секојдневните случувања од домашниот живот се прикажани од фасцинантна перспектива, што го истакнува осетот на Бонг Џун-Хо за нештата. Полека се гради приказната, но ќе уживате во неговата убавина и остроумност, бидејќи „Паразит“ најпрвин ќе ве увери дека се однесува на само на едно ниво, но всушност е повеќеслоен, прикажувајќи го социјалниот реализам со доза емпатија и патос.

Актерите примамуваат да ги гледаш, секое движење на лицето и секое дејство е нагласено, дури и самото одење нагоре или надолу по скалила пренесува скриено значење фрагмантирано од камерата. Ефикасното користење на просторот со необични агли на камерата и драматични временски услови создава чувство на немир кое дополнително се зголемува. Има нешто надреално во „Паразит“, што музиката го нагласува, а филмот дополнително опфаќа елементи од апсурдот толку генијално обсмислени што е вистинска кинематографска магија. Очигледната мистериозност на „Паразит“ сигурно ќе ве држи приковани и не би била нешто непознато во зоната на самракот во кинематографијата.

Актерите се многу импресивни и внесуваат длабочина и поврзаност во нивните улоги додека изгледаат извонредно и без многу напор. Кога Ки-Ву и Ки-Јеонг Ким работеа во домот на фамилијата Парк како приватни учители со сигурност го отелотворуваат овој необичен, скромен авторитет што создава аура на мистика со неискажаните, речиси митски применети техники на учителствување. Актерите Парк Со-Дам и Чои Ву-Сик, како и Ки-Ву и Ки-Јеонг едноставно пленат во различните насоки што ги следи „Паразит“, а изведбата ја сносуваат со леснотија, поканувајќи ја публиката да биде на нивна страна.

[...]„Паразит“ е извонредно дело на исклучително вешта кинематографија, филм што мора да се гледа, и затоа со нетрпение очекувам повторно да го гледам филмот на премиeрното прикажување во ОК.


Discuss this entry